петок, 25 октомври 2024

Бирмингем му врачи отказ на Вејн Руни

Вчерашниот убедлив пораз од Лидс, беше последен меч на Вејн Руни како тренер на Бирмингем, клубот утринава му врачи отказ.

Објавено на

часот

Сподели

Кога Руни дојде на кормилото, тимот беше на 5. место на табелата, Бирмингем му даде три ипол годишен договор, а тоа се покажа како катастрофална грешка.

На 15 натпревари на кои го водеше тимот, Руни забележа само две победи, имаше дури девет порази и четири нерешени средби.

Бирмингем сега е на 20. позиција на табелата во Чемпионшип.

„За жал, периодот на Вејн со нас не се одвиваше како што беше планирано и одлучивме да се разделиме во различни насоки“, стои во соопштението на Бирмингем.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ