Интерактивниот настан организиран од Бимилк беше во соработка со шеф Марко Матиев од Утопиа, коj ги водеше и низ забава ги учеше децата поддржани од СОС Детско Село и децата на вработените во компанијата. „Најмладите имаа можност да научат како да подготвуваат вкусни оброци користејќи ја Битолска павлака како главен херој. Поделени во тимови, децата создаваа креативни рецепти – од овошни сендвичи до рафаело топчиња – со помош на шеф Марко и Битолското чупе”, изјави Маја Велевска Литовска, бренд менаџер во Бимилк.
Настанот не беше само за учење кулинарски техники. Децата се натпреваруваа, се забавуваа и учеа за „Патот на млекото“ преку интерактивен квиз, осознавајќи како млекото и млечните производи стигнуваат до нивните трпези. „Финалето беше вистински празник – долгата заедничка трпеза каде што децата уживаа во оброците што самите ги подготвија, убави моменти на заедништво и радост“, додаде Велевска Литовска.
Бимилк традиционално го одбележува Светскиот ден на детето и на повеќе различни начини дава поддршка на мисијата на СОС Детско село. Со овој настан, Бимилк уште еднаш потврди дека е повеќе од компанија – таа е партнер во создавањето среќни спомени, поддршка и инспирација за децата. Светскиот ден на детето е наша заедничка можност да го славиме детството и да создадеме свет полн со љубов и грижа за идните генерации.