петок, 18 октомври 2024

Бил Клинтон: Жалам што ги убедив Украинците да се откажат од нуклеарното оружје

Објавено на

часот

Сподели

„Се чувствувам лично одговорен бидејќи ги натерав да се согласат да се откажат од своето нуклеарно оружје. И никој од нив не верува дека Русија би го извела овој трик доколку Украина и понатаму го имаше своето оружје“, кажа тој.

Во јануари 1994 година, Клинтон, рускиот претседател Борис Јелцин и украинскиот претседател Леонид Кравчук потпишаа изјава за елиминација на стратегиското нуклеарно оружје кое се наоѓаше на територијата на Украина од советскиот арсенал. Во декември 1994 година беше потпишан Будимпештанскиот меморандум според кој големите сили се обврзаа да ја почитуваат независноста, суверенитетот и постоечките граници на Украина.

„Кога тоа му одговараше, (рускиот претседател Владимир) Путин го прекрши (Будимпештанскиот меморандум) и прво го зазеде Крим. Се чувствувам ужасно поради тоа бидејќи Украина е многу важна земја“, кажа Клинтон.

Во декември 1994 година во Будимпешта беше потпишан договор според кој Украина, Казахстан и Белорусија ѝ го предадоа на Русија нуклеарното оружје на Советскиот Сојуз – Украина 1.900, Казахстан 1.400, а Белорусија 100 боеви глави. Оружјето од Украина и Казахстан беше уништено, додека боевите глави од Белорусија делумно беа вклучени во нуклеарниот арсенал на Русија.

Будимпештанскиот меморандум го гарантираа САД, Британија и Русија. Најмногу доби Вашингтон, кој на тој начин ја потпиша пропаста на својот најголем непријател – СССР. Украина, Белорусија и Казахстан се ослободија од проблемот, бидејќи како земји во транзиција не можеа да плаќаат за исклучително скапото одржување и обезбедување на наследениот нуклеарен арсенал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ