петок, 18 октомври 2024

Бијонсе роди девојче

Објавено на

часот

Сподели

Пејачката и глумица и нејзиниот сопруг, раперот Џеј-Зи, ноќеска го добија своето прво дете во болницата Ленокс Хил во Њујорк и ѝ го дадоа името Ајви Блу Картер, јавува Ентертејмент њуз.

Џеј, чие вистинско име е Шон Картер, бил покрај својата жена додека се породувала и наводно платил 1,3 милиони долари за да го изнајми целиот четврти кат на болницата.
Раѓањето на малата поп-принцеза први ѝ го честитаа поп-пејачката Ријана и музичкиот могул Расел Симонс преку Твитер.
30-годишната Бијонсе наводно во болницата се пријавила под името Ингрид Џексон, а пријатели на двојката шверцувале вино и храна во болницата за постпородилната прослава.
Бијонсе и 42-годишниот Џеј се венчаа во 2008, по шестгодишна врска, а таа откри дека е бремена на минатогодишните Ем-ти-ви музички награди во август.
Зборувајќи за својата бременост, Бијонсе изјави: „Многу е возбудливо! Знам дека на моменти ќе биде тешко. И знам дека, како мајка ми, ќе му се качувам на глава на детето, но јас сум подготвена за следното поглавје“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ