Директорот на библиотеката, Петар Гурев, нагласи дека градот Кавадарци низ историјата и културата, бил предводник во многу нешта, бил расадник за таленти од различни области и давал континуиран придонес во развојот на општеството.
„Наша задача е да да ја почитуваме таа историја и култура, да ја негуваме и да ја пренесеме на идните генерации“, нагласи Гурев.
Според кустос историчарот од Музеј галеријата во Кавадарци, Марија Михова, првото читалиште во овој крај било формирано во средината на 1869 година во кавадаречкото село Ваташа.