До утрово, само девет европски земји ја имаа поддржано палестинската државност и повеќето од нив ја донесоа одлуката во 1988 година, кога беа дел од советскиот блок. Приклучувањето на Норвешка, Ирска и Шпанија во таа група е и ретко и значајно.
Овие земји се надеваат не само да сигнализираат симболична поддршка за Палестинците, туку и да внесат одреден импулс во политичкиот процес за кој се надеваат дека може да помогне да им се стави крај на борбите.
Многу арапски земји велат дека ќе помогнат да се воведе ред и да се реконструира повоената Газа само доколку Западот ја признае државата Палестина како дел од тој политички процес.
Но повеќето други европски земји сè уште веруваат дека признавањето треба да дојде само како дел од долгорочното решение со две држави.
Така, Норвешка, Ирска и Шпанија играат на дипломатска карта во што се надеваат дека ќе се вклучат и другите. Но тоа нема да ја промени реалноста на теренот, заклучува Би-би-си.