На видеото се гледа како возилото излегувајќи од улицата кај Народната банка и Веро џамбо, наместо да сврти кон мостот Мајка Тереза, со нереално голема брзина продлжува право, ја пробива оградата на мостот и завршува во реката Вардар.
На видеото уште се гледа како маж трча кон мостот за да му помогне на возачот.
Полицијата денеска информираше дека возило излетало од пат, ја пробило заштитната ограда на мостот Мајка Тереза и завршило во коритото на реката Вардар во центарот на Скопје.
„Во СВР Скопје изутринава во 7:23 часот е пријавено дека патничко моторно возило киа со скопски регистарски таблички, управувано од В.К., ја пробило заштитната ограда на мостот Мајка Тереза и паднало во реката Вардар. В.К. е пренесн во ГОБ 8-ми Септември за укажување на помош“, информираше МВР.
Освен возачот други повредени учесници во сообраќајот нема, а во моментот на несреќата немало ниту пешаци кои секојдневно се движат по мостот.