На Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, Работнички ја пречека Шкендија во дуел на двете првопласирани екипи на табелата.
Мрежите мируваа, ниту една од екипите не ги искористи своите шанси, мечот заврши нерешено.
Гостивар со гол на Елвис во 67. минута дојде до победа од 1-0 на гостувањето кај Шкупи во Чаир.
Струга со пресврт дојде до победа од 2-1 на гостувањето кај Беса.
По четири минути игра во второто полувреме, Башким Велија донесе водство од 1-0 за Беса. Стефан Јевтоски од слободен удар во 63. минута изедначи на 1-1, а само минута подоцна Кехинде погоди за комплетен пресврт и победа на Струга од 2-1.
Силекс со минимални 1-0 ја победи Брера во Струмица. Рајков во 16. минута беше стрелец на единствениот гол.
Немаше голови на натпреварот меѓу Воска и Тиквеш.
Колото ќе биде комплетирано вечер, во 19 часот во Битола Пелистер го пречекува Вардар во вечното дерби.
Резултати:
Работнички – Шкендија 0-0
Шкупи – Гостивар 0-1
Беса – Струга 1-2
Брера – Силекс 0-1
Воска – Тиквеш 0-0
Пелистер – Вардар 19 часот