сабота, 19 октомври 2024

Бесплатна правна помош во Богданци и Струмица

Објавено на

часот

Сподели

Во Богданци граѓаните ќе се запознаат за бесплатната правна помош денеска во 9 часот пред градскиот пазар, а во Струмица утре во 10 часот пред ТЦ Глобал.

Оваа активност е дел од серијата активности за подигање на свеста, поддржани од Европската Унија и Советот на Европа во соработка со Министерството за правда, коишто ќе се одржат во различни региони во државата со цел е да се промовира користењето на бесплатната правна помош, со посебен осврт на ранливите категории.

За време на настанот, учесниците ќе имаат можност да им постават прашања на експерти од областа и да добијат одговори, како и да добијат лесно разбирливи информативни материјали за конкретните теми за коишто може да се побара и добие бесплатна правна помош, вклучувајќи семејно насилство, имотни прашања, дискриминација и социјална заштита…

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ