сабота, 20 јули 2024

Бесими: Пари за субвенции за струја има и за годинава

Објавено на

часот

Сподели

“Во Буџетот на годинава се предвидени 225 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството за справување со кризата од кои дел се наменети за ЕСМ”, рече Бесими и додаде дека и Европската Унија како грант додели 84 милиони евра за справување со енергетската криза за оваа година.

Министерот посочи дека ефектите од субвенциите се гледаат во сметките за електрична енергија што ги добиваат граѓаните каде стои колкава е субвенцијата што ја добиваат, бидејќи тоа се нивни пари кои доаѓаат од даноците што ги плаќаат.

“Граѓаните треба да знаат каде се трошат нивните пари, а само политика на Владата е да ја даде субвенцијата.”, вели Бесими.

Министерот посочи дека изминатата грејна сезона, Владата преку субвенции кон АД ЕСМ и фискалните импликации од намаленото ДДВ  ги поддржа граѓаните и фирмите со вкупно 400 милиони еврa за справување со енергетската криза.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ