сабота, 26 октомври 2024

Берлин и Париз постигнаа договор за производство на „тенкот на иднината“

Министрите за одбрана на Германија и Франција денеска објавија договор за распределба на работата меѓу производителите на заедничкиот проект „тенк на иднината“, кој досега беше поткопуван поради несогласувања.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Се договоривме за распределба на сите задачи за овој голем проект“, рече германскиот министер Борис Писториус на прес-конференција со неговиот француски колега Себастиен Лекорни.

„Имаме договор и воодушевени сме од него“, рече Лекорни, нагласувајќи ја важноста на „програмата за структурирање на копнените армии на двете земји за Европа и НАТО“.

Програмата МГЦС беше лансирана во 2017 година, за идниот борбен авион (Future Combat Air System – FCAS), што исто така е проект на соработка меѓу двете земји.

Целта на МГЦС е од 2035 година да се заменат француските тенкови леклер и германскиот леопард 2 со „генерациски скок во технологијата благодарение на нивото на иновација и поврзаност“, рече францускиот министер.

На еден воен саем во 2018 година беше претставено дека „Европскиот главен борбен тенк“ (E-MБT) ќе биде хибридна конструкција – труп на леопард 2А7 со полесната купола на леклер за двајца тенкисти.

Се очекува МГЦС да води кон иден систем за копнено војување, кој може да вклучува беспилотни роботски возила, кои се движат од лесни до тешки класи, со развој на нови тактики и борбени способности.

Писториус и Лекорни минатата година се залагаа за поттикнување на тој француско-германски проект, попречен од ривалствата во индустријата и различните интереси на Париз и Берлин.

И двете земји подеднакво ќе го финансираат проектот, кој ќе биде под германско раководство. Првично беше управуван од КНДС – ентитет за оваа пригода што ги вклучува францускиот Некстер и германскиот КМВ, кој го произведува борбениот тенк леопард 2.

Но распределбата на работата беше нарушена во 2019 година со влегувањето на германскиот производител Рајнметал во таа програма.

Затоа, првиот чекор беше ова да се разјасни и беше постигнат договор дека во производството дистрибуцијата на компаниите од двете земји ќе биде 50:50, рече Писториус.

Договорот ќе се официјализира со потпишување на 26 април – најавија двете страни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ