четврток, 28 ноември 2024

Берлин: Десетици илјади на протест против екстремната десница

Значително повеќе од предвидените 100.000 лица се собраа во Берлин и покрај дождот на протест против партијата Алтернатива за Германија (АфД) и екстремната десница.

Објавено на

часот

Сподели

Повеќе од 150.000 лица во моментов протестираат, напиша полицијата денеска попладне на платформата Икс.

Организаторите тврдат дека има околу 300.000 учесници.

На протестот се пријавиле вкупно 100.000 луѓе, а демонстрантите планираат да подигнат човечки ѕид со слоганот „Ние сме заштитен ѕид“.

Алијансата „Рака за рака“, која обединува повеќе од 1.300 организации, повика на протест против омразата и нетолеранцијата.

„Сакаме да дадеме пример за солидарност и (да покажеме) дека сме против дискриминација. И мислиме дека е одлично кога во Германија има општество на различност наместо униформност“, изјави 36-годишниот Серкан Бингоел, државјанин на Берлин со германско државјанство и професор во средно училиште, кој на протестот дојде со група бегалци.

Десетици илјади луѓе излегоа на улиците низ Германија во последните недели за да протестираат против екстремно десничарскиот екстремизам, тие беа инспирирани од состанокот на екстремистите во Потсдам, во близина на Берлин, каде што се разговараше за концептот на ре-миграција, односно депортација на голем број луѓе од странско потекло, вклучително и присилна депортација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ