Фабрицио Романо излезе со детали за зделката. Бензема веќе го потпишал главниот дел од документите и наскоро и официјално ќе стане фудбалер на Ал Итихад.
Договорот ќе трае со јуни 2025 година со опција за продолжување на уште една сезона.
Бензема ќе заработува речиси 200 милиони евра по сезона, во оваа бројка се вклучени и комерцијални договори и други бенифити.
Во вторник на прес-конференција Карим Бензема ќе се збогува со фановите на Реал Мадрид, а потоа ќе отпатува во Саудиска Арабија.