сабота, 26 октомври 2024

Белград и Приштина на 19 март продолжуваат со дијалогот во Брисел

Состанок на главните преговарачи на Белград и Приштина ќе се одржи на 19 март во Брисел, најави портпаролот на Европската комисија Петер Стано, додека траат дипломатските напори двете страни да направат чекор во нормализација на меѓусебни односи по одлуката на Косово да го укине српскиот динар.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Стано на брифинг на новинарите кажа дека специјалниот претставник на Европската Унија за дијалотот на Белград и Приштина Мирослав Лајчак ги повикал главните преговарачи во Брисел за да ги продолжат разговорите за одлуката на централната банка на Косово за забрана на употреба на динарот во финансиските трансакции и продавниците.

На Косово од 1 февруари стапи на сила указот со кој готовинските плаќања и платниот промет се вршат исклучиво во евра, што ја засили загриженоста на српската заедница на Косово бидејќи Србите платите, пензиите и социјалните примања ги добиваат во динари, кои ги користат за плаќање.

Брисел ја истакна загриженоста поради последиците на таа одлука на секојдневниот живот на косовските Срби, а меѓународната заедница побара од Приштина да го осложи спроведувањето на указот.

Србија од својот буџет исплаќа 60.946 плати и пензии на Косово, 2.430 стипендии на студенти и финансира народни кујни за околу 2.000 социјално најзагрозени граѓани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ