недела, 27 октомври 2024

Белгиските земјоделци повторно го блокираат Брисел: палат огнови, фрлаат слама по улиците… (ВИДЕО)

Белгиските фармери по трет пат го блокираа својот главен град. Околу 300 трактори од целата земја се собраа во Брисел по покана на повеќе синдикати и здруженија на земјоделци, со цел уште еднаш да укажат на својата тешка положба.

Објавено на

часот

Сподели

Белгиските, но и европските земјоделци бараат дополнителна помош за справување со кризата во индустријата – пред сè, укинувањето на претерано долгите и комплицирани административни процедури. Тие протестираат и за Законот за обновување на природата и бараат намалување на задолжителниот процент на површините наменети за пошумување, правична исплата и укинување на трговските договори за кои велат дека се неправедни бидејќи го загрозуваат европското земјоделство.

Тие пристигнаа во Брисел во текот на ноќта помеѓу понеделникот и вторникот и се упатија на главните локации – плоштадот Луксембург пред Европскиот парламент и улицата Де ла Луа, каде што се наоѓаат Европската комисија и Европскиот совет. Донесоа бали слама што ги фрлаа по улицата, палеа логорски огнови од кои извиваше густ чад, петарди, огномет, сирени, музика….

Сите патишта и тунели што од тој дел на градот водат кон Европската комисија и центарот на Брисел се затворени за сообраќај, додека јавниот превоз во тој дел на градот беше суспендиран или пренасочен за време на протестот.

Европските земјоделци веќе протестираа во Брисел на 1 и 26 февруари и добија голем број олеснувања за индустријата, од враќање на субвенциите за дизел гориво до намалување на површините неопходни за пошумување. На тие протести имаше и насилство и оштетување на јавен имот, па неколку лица завршија пред судот за прекршоци. Неколкумина ќе треба да одговорат на поканата на судијата во кривичната постапка за напад на полицијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ