среда, 27 ноември 2024

Белата куќа: Убиствата на заложниците во Газа покажуваат дека мора итно да се постигне договор

Убиството на шесте заложници кои Хамас ги држеше во заробеништво во Појасот Газа, чии тела беа пронајдени од страна на припадниците на израелската армија во текот на викендот, ја нагласува итноста за постигнување договор за прекин на огнот во енклавата и ослободување на преостанатите заробеници. објави Белата куќа.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Она што се случи во текот на викендот јасно покажува колку е важно ова да се заврши што е можно поскоро“, изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби, додавајќи дека Хамас е одговорен за смртта на заложниците, пренесува Ројтерс.

Кирби истакна дека САД работат на нов предлог за договор за прекин на огнот, но дека нема да се залагаат за концептот „земи или остави“.

„Работиме на предлог кој ќе обезбеди ослободување на преостанатите заложници и ќе вклучува масовна и итна помош за жителите на Газа, а исто така ќе резултира со прекин на борбите. „Сè уште сме во постојани консултации со Катар, Египет и Израел, а секако Катар и Египет се во контакт со Хамас и ќе направиме се што можеме“, изјави Кирби.

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави вчера дека премиерот Бенјамин Нетанјаху мора да стори повеќе за да се постигне договор за прекин на огнот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ