„Претседателот вети дека ќе присуствува на инаугурацијата на оној кој ќе победи на изборите“, рече портпаролот Ендрју Бејтс.
„Тој и првата дама ќе го испочитуваат тоа ветување и ќе присуствуваат на инаугурацијата“, рече Бејтс.
Трамп победи на изборите во САД на 5 ноември, а во Овалната соба ќе се врати на 20 јануари.
Традицијата налага претседателот во заминување и неговата прва дама да го пречекаат новиот претседателски пар утрото на Денот на инаугурацијата и да дојдат заедно во Капитол.
Републиканецот Трамп ја прекрши таа традиција и не присуствуваше на инаугурацијата на демократот Бајден во јануари 2021 година.
Трамп беше првиот претседател по Ендрју Џонсон во 1869 година кој одби да присуствува на заклетвата на својот наследник.