Според Сали, кој покажа и тековни состојби на фирмите, АД Државна Лотарија на 31 март 2023 година преку делегирање на 51% во сопственичкиот капитал, регистрирал втора видео лотарија под името Ново ВЛТ со основна главнина од безмалку 10 милиони евра.
„Како носител на дејноста и косопственик на Ново ВЛТ се јавува компанијата Друштво за услуги ХТЛ Македонија ДООЕЛ Скопје. За членови на Надзорниот Одбор на Ново ВЛТ беа назначени, продолжената рака на Артан Груби и поранешниот директор на АД Државна Лотарија, Перпарим Бајрами и неговите сопартијци од ДУИ, Артин Спахију и Омер Буњаку. Согласно оваа рамковна спогодба – Договор за јавна набавка склучена меѓу Ново ВЛТ и косопственикот и основачот ХТЛ, склучена на 13 јуни 2024 или 35 дена после парламентарните избори, се предвидува за период од две години да се набават 1.600 видео лотариски терминали во вкупна вредност од речиси 19 милиони евра.
Да бидеме прецизни, Ново ВЛТ во чиј Надзорен одбор се тројца кадри на Артан Груби во постизборен период кога се знаеше дека ДУИ оди во опозиција, од приватната фирма, односно вториот основач набавува илјадници казино апарати за период од наредни две години, во вкупна вредност од речиси 19 милиони евра.
Бараме ЈО да истражи кои се мотивите за оваа јавна набавка, дали е точно дека во моментот на потпишувањето на договорот за јавна набавка, пазарната цена на еден видео лотариски терминал била 3.800 евра, дали е точно дека поединечната цена за еден видео лотариски терминал која е договорена во рамковната спогодба изнесува 10.000 евра или за 6.200 евра поскапа од неговата пазарна вредност. ЈО треба да истражи и дали е точно дека вкупната вредност на набавката чини неверојатни 9.920.000 евра поскапо од пазарната вредност на видео лотариските терминали. Во чии џебови ќе заврши разликата од речиси 10 милиони евра, само од овој тендер?
Или дали вредноста на казино апаратите е свесно и со умисла зголемена со цел да се штелува основната главнина неопходна за отворање на новата државна видео лотарија?
Очекуваме Јавното обвинителство во најкус можен рок да отвори предмет и да преземе соодветни правосудни дејствија за да ги расчисти сите околности околу причините и сомневањата за политичка корупција кои ги наведовме денес.
Истовремено, ќе побараме од Управата за финансиско разузнавање да ги истражи евентуалните врски на поранешни функционери на ДУИ со сомнителни лица од соседна Србија поврзани со казино бизнисите.
Вреди е гаранција дека правдата ќе го стигне секој кој се огрешил пред законите, без разлика на неговата етничка, верска или политичка припадност. Вистината за гревовите на режимот на ДУИ допрвo ќе се откриваат“, изјави Сали.