понеделник, 21 октомври 2024

Бегалец баран со потерница фатен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, денеска околу 13.30 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје, го лишиле од слобода скопјанецот Р.С.(23).

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР соопштија дека тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од четири години за сторено кривично дело насилство по член 386 од Кривичниот законик.

Лицето, како што посочуваат од МВР, ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ