На почетокот од последната четвртина Милвоки имаше предност од 14 поени разлика. Тогаш почнаа да доминираат домаќините и како одминуваше времето ја топеа предноста на фаворитот. Тие 12 минути ги добија со 41-25 и победија со 119-114.
Херој на Мајами беше Батлер кој мечот го заврши со 56 поени и девет скокови, кај Милвоки најдобар беше Лопез со 36 поени и 11 скокови.
Интересен беше мечот меѓу Лејкерс и Мемфис. Гостите беа на прагот на победа, но во завршницата Расел постигна три тројки по ред, а потоа и Леброн даде клучни поени во последната секунда и езерџиите се изборија за продолженија, беше 104-104. Во нив Лејерс беше подобар и на крајот дојде до победа од 117-111.
Леброн мечот го заврши со 22 поени и дури 20 скокови, поефикасен кај него во Лејкерс беше Ривс со 23 поени. Бејн имаше одлична партија за Мемфис со 36 поени, Марант постигна 19.
Резултати: Мајами – Милвоки 119-114 (3-1), ЛА Лејкерс – Мемфис 117-111 (3-1)