петок, 18 октомври 2024

Барса не е Реал, нема проблеми во Купот (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Барселона на „Ноу Камп“ со 4-0 ја победи Осасуна и на тој начин исчекори кон четврт-финалето. Фабрегас во првата половина од првиот дел, а потоа и Меси во завршните половина час им пресудија на Памплонците, па сега со нетрпение ќе го чекаат реваншот за да дознаат дали Реал Мадрид ќе бие нивниот следен противник.

„Кралскиот клуб“ завчера со пресврт со 3-2 ја победи Малага, но со настапот сериозно ги загрижи сите навивачи пред претстојниот реванш против незгодната андалузиска екипа.

Реал Сосиедад со 2-0 во Сан Себастијан ја победи Мајорка, а вечерва се играат последните два меча Кордоба – Еспањол и Валенсија – Севилја. Реваншите се идната недела.

[video:http://www.youtube.com/watch?v=7PodwoxWUKI]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ