недела, 20 октомври 2024
За грабнување и две убиства

Барањето за екстрадицијата на Палчо изготвено од ОЈО Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје го изготви барањето за екстрадиција од Турција за Љупчо Палевски осомничен за две кривични дела грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин едно на малолетно лице и едно од користољубие заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

„Јавниот обвинител побара од надлежните власти во Република Турција екстрадиција на лицето за кое е распишана меѓународна потерница, а од Интерпол, Анкара е добиена информација дека на 5 декември годинава година е уапсен во Република Турција. Во прилог на барањето за екстрадиција до турските власти ќе биде доставена комплетната потребна документација – наредбата за истражна постапка против осомничениот, решението со кое од Основниот кривичен суд Скопје му е определен бранител по службена должност и му е одреден притвор, како и наредбата за издавање меѓународна потерница. На турските власти ќе им бидат посочени и применетите одредби од Кривичниот законик во кои е содржан законскиот назив и обележјата на кривичното дело за кое се води истрагата и други релевантни одредби од македонското законодавство“, соопштија од ОЈ Скопје. 

Одделението за меѓународна правна помош на Јавното обвинителство на Македонија, врз основа на Европската конвенција за екстрадиција со дополнителните протоколи, Договорот за правна соработка во граѓанските и кривичните предмети меѓу Македонија и Турција и Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, ова барање за екстрадиција итно го достави до Министерството за правда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ