петок, 18 октомври 2024

„Банана филм“ ја демантира Агенцијата за филм: Сите извештаи се законити и агенцијата ги прифати

Објавено на

часот

Сподели

Во демантот на „Банана филм“ се вели:

Инспекцијата на Министерството за култура констатираше на 4.04.2023 дека нема никакви неправилности во работата на „Банана филм“. Тоа е затоа што сите извештаи за филмовите на „Банана филм се законски – што и самата Агенција го потврдила со тоа што претходно ги прифатила истите тие извештаи!

 

Измислувањето неправилности, донесувањето незаконски одлуки, уценувањето со непотпишување на договори, неисплата на долгови од државни институции и медиумска кампања во партиски медиуми е одмазда кон укажувач затоа што ние во неколку наврати ја пријавивме незаконската работа на одговорните во Агенцијата за филм и ДФРМ, за што постојат и докази, како и наоди на Државниот завод за ревизија, Антикорупциска комисија (ДКСК) и Транспаренси интернешнл.

 

Повторно ги повикуваме институциите и Владата да се справат со корупција и незаконско работење (вклучувајќи и одмазда кон укажувач) во своите редови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ