петок, 1 ноември 2024

Бајден: САД и НАТО немаат никаква врска со еднодневниот бунт во Русија

Објавено на

часот

Сподели

Во својата прва реакција на бунтот, тој рече дека е „премногу рано“ да се процени какво влијание ќе има врз војната во Украина, пренесува АП.

„Јасно ставивме до знаење дека не сме вмешани. Немавме никаква врска со тоа. Ова беше дел од борбата внатре во рускиот систем“, рече Бајден, додавајќи дека сојузниците работат на тоа да не му дадат „на Владимир Путин никаков изговор за бунтот да ги обвини Западот или НАТО“.

„Исходот од сето ова останува да се види. Но без разлика што ќе следува, јас ќе се погрижам нашите сојузници и нашите партнери да бидат усогласени во однос на тоа како ја читаме и реагираме на ситуацијата. Важно е да останеме целосно координирани“, додаде тој.

Американскиот претседател изјави дека имал долг разговор со својот украински колега Володимир Зеленски и дека можеби ќе се слушне повторно во текот на денот.

„Му реков дека без оглед на тоа што се случи во Русија, САД ќе продолжат да ја поддржуваат одбраната на Украина, нејзиниот суверенитет и територијален интегритет“, рече Бајден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ