четврток, 21 ноември 2024

Бајден предупреди на можната опасност од вештачката интелигенција

Објавено на

часот

Сподели

Одговарајќи на новинарско прашање за опасностите од вештачката интелигенција, Бајден рече дека тоа „останува да се види“.

„Таа технологија може да биде корисна во сериозни ситуации како болестите и климатските промени“, им рече Бајден на членовите на Советот за наука и технологија во Белата куќа. „Но тоа носи можни ризици за нашето општество, нашата економија и нашата национална безбедност“, оцени тој.

„Мислам дека технолошките компании треба да бидат сигурни дека нивните производи се безбедни“, додаде Бајден. „Гледаме какви се последиците за менталното здравје и сликата за себе доколку нема ограничувања.“

Социјалните мрежи редовно се критикувани дека му наштетуваат на менталното здравје на најмладите корисници бидејќи ги поттикнуваат да се споредуваат со совршената реалност што се шири на овие платформи.

Демократскиот претседател повторно го повика Конгресот да воведе „строги ограничувања“ на личните податоци собрани од технолошките компании и да забрани рекламирање насочено кон децата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ