недела, 27 октомври 2024

Бајден го потпиша законот за буџетот, избегната блокада на владата на САД

Американскиот претседател Џо Бајден го потпиша денес законот за буџетот вреден 1.200 милијарди долари, со што е обезбедено финансирање на владата на Соединетите Американски Држави до септември, односно избегнато е нејзино затворање.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Белата куќа соопшти дека Бајден го потпишал законот во својот дом во Вилмингтон во сојузната држава Делавер.

Претходно денес Сенатот, горниот дом на американскиот Конгрес, го усвои законот, со што беше отстранета заканата од блокирање на работата на владините агенции.

Лидерот на демократското мнозинство во Сенатот Чак Шумер кажа дека не било лесно да се постигне договорот за усвојување на буџетот, но дека упорноста се исплатела. Законот претходно го усвои Претставничкиот дом.

„Овој договор претставува компромис, што значи дека ниедна страна не доби сè што сакаше. Но, со ова се одбиени екстремните кастрења на републиканците во Претставничкиот дом и проширен е пристапот до грижата за децата, вложувањата во истражувањето на ракот. На овој начин ќе биде унапредено американското лидерство во странство и ќе се обезбедат ресурси за обезбедување на границата. Тоа се добрите вести за американскиот народ“, кажа Бајден.

Што се однесува до помошта за Украина, за која Бајден и неговата администрација тврдења дека била критична и неопходна, пакетот обезбедува 300 милиони долари под маската на трошоци за одбраната. Ова финансирање е одвоено од големиот пакет помош за Израел и Украина кој е заглавен на Капитол хил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ