Бајден го изјави ова на собирање средства во Калифорнија, еден ден откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен се сретна со Си во Пекинг, со цел да се намалат тензиите и ривалството меѓу двете земји.
„Причината зошто Си Џинпинг толку се вознемири кога јас го соборив тој балон со ‘два вагони шпионска опрема’ е затоа што тој не знаеше дека е таму. Голема е срамота за диктаторите. Кога тие не знаат што се случило. Тоа не требало да оди таму каде што беше. Скршнало од курсот“, рече Бајден.
Во почетокот на февруари цела недела балонот леташе над САД и Канада, а беше соборен по наредба на Бајден над Атлантски Океан. Тој инцидент, кој предизвика Блинкен да ја одложи првично планираната посета на Пекинг, како и размената на посети меѓу американски и тајвански официјални лица, ги зајакна тензиите меѓу САД и Кина.