Садио Мане го нападна Лирој Сане во соблекувалната по натпреварот од Лигата на шампионите против Сити.
Поради ова, Баерн Минхен реши да го суспендира својот фудбалер и тој нема да биде во составот за мечот во сабота против Хофенхајм, а ќе биде и парично казнат.
Двајцата фудбалери денеска се извиниле за својата постапка пред останатите фудбалери.