Баерн Минхен ја освои 11. титула во откако победи со 2-1 во Келн, а Борусија Дортмунд одигра само 2-2 против Мајнц на свој терен. Но таквиот развој на настаните не им ги спаси „главите“ на Кан и Салихамиџиќ.
„Оливер Кан веќе не е извршен директор на Баерн Минхен. Исто така и позицијата на спортски директор на Хасан Салихамиџиќ ќе биде пополнета со друго име. Оваа одлука е донесена од бордот на клубот. Јан Кристијан Дрисен ќе ја преземе позицијата на Оливер Кан. Наследникот на Хасан Салихамиџиќ дополнително ќе биде избран“, се вели во соопштението на Баерн Минхен.
Оливер Кан денеска не беше на мечот во Келн, но таму беше Хасан Салихамиџиќ кој го славеше големиот успех.
Отказот на Кан и Салихамиџиќ е поради нивната одлука која не се покажа продуктивна, да го отпуштат Нагелсман, а да го назначат Тухел.