петок, 18 октомври 2024

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Автопат кон провалијата

Иако музиката е пуштена на најјако со „циркусот“ наречен замрзнати цени на домати, краставици, тиквички и сличен зеленчук баш пред Велигден и секојдневно емитување  на антимакедонски изјави на најголемите и најокоравени комунисти на Балканот (претседателот и министерот на МНР на Бугарија), сепак криминалот на векот, наречен „историски автопат“ не успеаја да го сокријат од јавноста.

Власта овој проект го нарече „историски“ и од  „национален интерес“. 

Под тој превез направи и прави „историски“ кршења на Уставот и законите во Македонија. „Историски“ договор за изградба без тендер. „Историски“ договор за изградба кој никој не го знае, вклучувајки го и претседателот на државата. „Историска“ прослава на поставување камен темелник на проект без градежна дозвола. А не може да има бидејќи нема ниту проект, ниту уредени имотно правни односи.  „Историски“ измени на девет закони во рок од два работни дена, што не е забележано во историјата на ниту една држава во светот. „Историски“ избор на фирми за надзор чија единствена вредност е што се фирми блиски на поранешни и сегашни функционери (истражувачките новинари имаат добра можност да проверат кој стои позади овие компании). Историски до историски, крај нема.

Овој проект уште помалку пак е од „национален интерес“. Во суштина тој е против националните интереси на Македонија. За да се утврди дали некој проект е или не е од национален интерес, нужни се многу претходни чекори кои највероватно не се направени или ако се направени се про-форма по системот copy-paste. Еве само неколку базични работи кои државата мора да ги направи, пред да прогласи дека некој проект  е од национален интерес.

Тоа е изработка на физибилити студија за оправданоста и изводливоста на проектот. Адаптабилност и сообразност на проектот со Просторниот план на Македонија. Кост- бенефит анализата. Буџет и структура на финансирањето на проектот. Прелеминарна студија за оценка на влијанието на проектот врз животната средина. Студија за директна и индиректна корист од проектот. Годишни анализи на трошоците и бенефициите од проектот. Парични текови на сите финасиски аспекти на проектот. Евалуација на сите горе споменати документи. Јавна расправа и вклучување на граѓаните во реазлизација на сите горе споменати фази. Дури по оваа обемна стручна и јавна постапка, Владата може да даде препорака на Собранието некој проект да го прогласи како проект од национален интерес. Ако некој има информација дека барем нешто од оваа е сработено, не е лошо да ја запознае јавноста.

Целиот овој проект ми личи на некои од американските филмови во кои  шеф на мафијата со пура  и виски во рака, на некој конгресмен или гувернер му два наредба што треба да сработи под итно, заради реализација на некој проект од „национален интерес “. Конгресменот се поти и пробува да каже дека тоа тешко ќе оди, но строгиот поглед на шефот е појак од кој било закон. 

 

Граѓаните треба да знаат дека овој проект ќе нанесе огромни и далекосежни штети  на економскиот и општествениот развој на Македонија.

При изградба на автопатишта 91% од трошоците се однесуваат на изградбата на автопатот, а некаде околу 5% се трошоци на експропријација и комунлани трошоци и 2,6% на прелиминарен инженеринг. Во нашиот случај тоа значи дека 1,2 милјарди евра ќе се потрошат на самата изградба на автопатот. При изградбата на автопатот, македонски ќе бидат само тампонот, цементот, работниците и одредени услуги за сместување и исхрана. Се друго е чист увоз. Почнувајќи од сите градежни машини и резервните делови за нив, горива и мазива, битумен, адитиви, целокупната градежна опрема, бетонски и асфалтни бази, алати, железо, оплати… се до последниот штраф.

Имајќи предвид дека изведувачот на работите  е ослободен од плаќање било какви даноци, царини и акцизи на целокупниот увоз, тоа значи дека државата нема да има ниту денар приход по тој основ.

За ваша информација, за да се изгради еден километар на автопат со 6 ленти во просек се трошат околу 522.000 литра гориво. За 108 километри колку што треба да се изградат во Македонија ќе треба да се потрошат 56.376.000 литри на гориво. Само по основ на даноци и акциза на горивото, држават би требало да инкасира над 23 милиони евра од оваа ставка. Оваа е само врв од ледениот брег кога ќе се зема целокупната вредност на проектот.

Единствена придобивка од  економско-финасиски аспект на  изградбата на овој автопат ќе биде  само ангажирањето на одредено време на неколку стотини работници и друг пропратен персонал, услуги на домашни градежници и транспортери како подизведувачи.

Директните економски ефекти од изградбата на овој автопат би биле сосема поинакви доколку работата беше доделена на домашните компании.

Изградбата на овој пат, гледано од долгорочен економско-финасиски аспект ќе направи штети како на финасиската стабилност на државата, така и на целокупната економија. Држава која инвестира во проект на ниво од 10% од нејзиниот БДП, а проектот не може директно да ги отплаќа обврските по основ на вложените средства, неговото управување и одржување, дефинитивно ja носи во банкрот. Македонија како држава на пензионери, државни службеници и тендераши, со секојдневното дополнително задолжување и задолжувањето по основ на овој проект, во рок од две три години ќе биде задолжена на ниво на годишниот бруто домашен производ. Тоа ќе значи тотален финасиски колапс и уништување и на малку останатата реална економија.

Доколку Владата поразговараше барем со некој студент по макроекономија, ќе разбереше дека  овие 1,3 милјарди евра (додека го завршат автопатот ќе станат најмалку 2 милјарди евра), наместо во автопат треба да ги вложи во експресни патишта кои ќе чинат само 1/3 од вредноста на автопатот, а  останатите средства да ги инвестира во изградба на инфраструктурата потребна за развој на земјоделието, туризмот, високата технологија и во програми за враќање на најголемото богатство што го има Македонија, Македонците во странство. Само таков проект може да се нарече „проект од национален интерес“.

Македонските граѓани треба да знаат дека со овој проект се нанесува непоправлива штета на Македонија во целина. Не сум сигурен дека оваа криминална авантура ќе можат да ја  исплатат и нашите внуци.    

                                                                                                                                          Ангел Наков   

КОЛУМНИ

Миодраг Врчаковски

Илегална миграција на легален начин!

Сеад Џигал

Стереотипите како бариера за жените кандидатки

Ристо Цицонков

Греење: Не си играјте со децата, може да се разболат

Кристина Пота Радуловиќ

„Ти си пречувствителен/на“ – грижа за нас или агресија и етикетирање?

Ристо Цицонков

Базна електрична енергија да, ама не со слаб кадар и неприменети...

Далибор Ступар

Што се случи со Зелената агенда во Србија?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ