петок, 18 октомври 2024

Автомобил-бомба уби нуклеарен научник во Техеран

Објавено на

часот

Сподели

Иранските медиумски извори жртвата ја именуваа како Мустафа Ахмади Рошан, академик кој работел и во објектот за збогатување ураниум Натанц.

Експлозијата се случила откако моторџија залепил бомба на автомобилот, изјави иранската агенција „Фарс“.

Неколку ирански нуклеарни научници беа убиени во минатите неколку години, а Иран за тоа ги обвинува Израел и САД. Двете држави, нормално, ги негираат обвинувањата.

Напади врз ирански научници

Јануари 2012 – Мустафа Ахмади Рошан, професор на Техничкиот универзитет во Техеран, убиен со бомба ставена на неговото возило.

Ноември 2010 – Мажид Шахриари, член на Институтот за нуклеарно инженерство на Универзитетот Шахид Бектеши во Техеран, убиен од подметната бомба на неговиот автомобил од моторџија. Друг научник, Ферејдон Абази Давани, идниот шеф на Организацијата за атомска енергија на Иран, е повреден во друг напад.

Јануари 2010 – Масуд Али Мохамади, професор по физика, убиен откако мотор полн со експлозив детонирал покрај неговиот автомобил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ