вторник, 26 ноември 2024

Автобус што удри во комбе во Пакистан се запали при што загинаа најмалку 18 лица

Објавено на

часот

Сподели

Загинаа возачите на автобус со 40 патници кој тргнал за Исламабад и комбе паркирано на автопатот Лахоре-Исламабад во источната провинција Пенџаб.

Полицијата соопшти дека комбето превезувало буриња гориво, што по судирот довело до брзо ширење на пожарот.

Повредените патници, кои се префрлени во болници, се здобиле со изгореници од висок степен, некои од нив се во критична состојба.

Останатите патници се полесно повредени со изгореници и расеченици бидејќи се обиделе да избегаат од автобусот преку прозорците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ