сабота, 28 септември 2024

Австрија ја совлада Холандија за прво место, Франција ќе оди во потешкиот дел од ждребот (ВИДЕО)

Австрија се избори за прво место во Групата Д откако попладнево со 2-3 ја совлада Холандија, а Франција киксна против Полска и одигра само 1-1.

Објавено на

часот

Сподели

Неочекуван расплет во Групата Д, Австрија се најде на првото место пред фаворитите Франција и Холандија.

Избраниците на Рангник попладнево се прикажаа во одлично светло и со 2-3 ја совладаа Холандија.

Мален во 6. минута ефектно ја затресе сопствената мрежа, и во обид да расчити една топка, од десетина метри го матираше својот голман за водство од 0-1 на Австрија.

Одговорот на Холандија стигна на стартот од второто полувреме, по еден брз против напад, Гакпо пласираше за 1-1.

Ова само дополнително ја разгоре битката, Шмид по еден час игра ја врати Австрија во предност од 1-2.

Во 75. минута, Депај одлично прими една топка на гради во шеснаесетникот и на прва биеше покрај стативата за 2-2,

Но само пет минути подоцна, една убава акција на Австрија во гол ја претвори Сабицер, кој силно биеше над главата на голманот за 2-3.

Во Дортмунд, Франција киксна против Полска, одигра само 1-1, па ќе се најде во потешкиот дел од ждребот каде се Португалија, Германија и Шпанија.

„Триколорите“ пропуштија неколку убави шанси за водство во првото полувреме, а откако не ги искористија, поведоа по десетина минути игра во вториот дел, Мбапе од пенал биеше за 1-0.

Полска на ист начин стигна до гол, со помош на ВАР беше покажана на белата точка по една неспретна реакција на Упамекано, а Левандовски од втора ја затресе мрежата за 1-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ