недела, 20 октомври 2024

Австриецот Коениг назначен за потпретседател на ССК за надворешна соработка и туризам

Сојузот на стопански комори (ССК) на седница на Управен одбор донесе одлука за назначување на Евалд Коениг за нов потпреседател за надворешна соработка и туризам во ССК, роден Австриец и сопственик на туроператор Мак-Сан Травел веќе 15 години и истакнат амбасадор на македонскиот туризам ширум светот, соопштија од ССК. Своето искуство и меѓународна екпертиза во истражување на пазарот, анализа и инвестиции Коениг ќе го пренесе и во понатамошното успешно работење на Сојузот на стопански комори на Македонија застапувајќи ги интересите на сите стопански субјекти членови на комората, велат од комората.

Објавено на

часот

Сподели

„Кoениг како туристички експерт промовирајќи ја Македонија и Балканот како дестинација,со своето богато културно наследство,повеќевековна историја и прекрасна архитектура,прекрасната храна и вино, искуствено посочи како туристичка дестинација Македонија се повеќе туристи сакаат да ја посетат. Во земјава во мај годинава се евидентирани 106 604 туристи, од кои 25.5 % биле домашни, а 74.5 % се
странски, бројот на ноќевањата во мај изнесувал 200 439, од кои 29.4 % се од домашните туристи, а 70.6 % од странските. Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 10.2 %, и тоа: кај домашните туристи за 8.8 %, а кај странските за 11.0 %,споредбено со истиот период минатата година“, велат од ССК.

„Туризмот е моќен деловен сегмент за развој на економијата, придобивките од туризмот се повеќекратни и најмногу видливи преку растот на девизните приливи, подобрувањето на платниот биланс, отворањето нови работни места и зголемувањето на инвестициите.Вредноста на Сојузот како организација е во валоризација на претприемништвото ,ќе бидеме насочени кон поттикнување на економски политики за создавање на здрава деловна клима со имплементација на најдобрите светски практики, се со цел непречен раст и напредок на деловните субјекти. Сојузот досега се наметна како значаен фактор во креирање не економските политики и цели кон тоа да стане водечка деловна мрежа во Југоисточна Европа, истакна Tрајан Ангелоски, претседател на ССК.

Во брзо менувачко опкружување, коморите можат да понудат решенија и имаат
клучна улога во предвидувањето на компетенциите што ќе им бидат потребни
на бизнисите во иднина, велат од ССК и додаваат дека за таа цел, ССКМ заеднички со приватниот сектор и интензивна мeѓународнa соработка, стратегија за долгорочен раст и просперитет, модерен и одржлив економски раст, ефективно работи на зацртаните приоритети : иновациите, соработката и стратешкото лидерство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ