сабота, 26 октомври 2024

Австралија потпиша рекорден договор за испорака на оклопни возила во Германија

Австралија денеска потпиша договор за извоз на повеќе од 100 оклопни возила во Германија, што се опишува како „најтешкиот“ договор на австралиската одбранбена индустрија во историјата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според договорот, Австралија ќе ѝ испорача на Германија оклопни возила Боксер од локално производство на Рајнметал.

Според овој договор, повеќе од 100 возила транспортери за тешко оружје Боксер ќе бидат изградени од Рајнметал во нивниот центар за воени возила во Редбенк, Квинсленд и ќе бидат извезени за употреба на германската армија.

Договорот беше одобрен во германскиот парламент, откако австралискиот премиер Антони Албанис присуствуваше на потпишувањето на начелниот договор меѓу Германија и Австралија за време на својата посета на Берлин во јули.

Договорот, кој ќе донесе повеќе од милијарда австралиски долари (605 милиони евра) за австралиската економија, ќе обезбеди повеќе од 600 директни работни места, а уште повеќе кога ќе се пресмета синџирот на набавка, рече Албанис.

Австралискиот министер за одбрана Ричард Марлс рече дека договорот е најголемиот воен извозен договор во историјата на земјата.

„Производството и извозот на оклопните транспортери за тешко оружје Боксер во германската армија го нагласува зајакнувањето на односите меѓу нашите две земји“, рече тој во изјавата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ