Агенцијата потсетува дека институциите треба да бидат отворени и транспарентни и да вложат максимални напори на претставниците на медиумите да им овозможат непречен пристап до бараните информации.
„Медиумските работници при вршењето на својата работа која е од јавен интерес, треба да се ослободени од какви било закани и заплашувања додека истовремено треба да покажат професионална одговорност и да ги почитуваат етичките и новинарски принципи и стандарди при известувањето“, соопштија од АВМУ.
Телевизијата објави прилог во кој се вели дека се случил невиден преседан. Директорот на училиштето не сакал да се снима прилог и не сакал да одговара на прашања па ја повикал дури и полицијата. Но тоа што зачудува, велат од ТВ Ускана, е што полицијата ја попречувала екипата со еден час испрашување на новинарката.