недела, 20 октомври 2024

Авионот од Охрид за Малме два пати принудно слетал во Полска

Проблеми имаа патниците кои вчера со авион патувале од Охрид за Малме во Шведска. Авионот два пати принудно слетувал на два различни аеродроми во Полска.

Објавено на

часот

Сподели

Како што објави Клан М телевизија, авионот што тргнал од Охрид до Малме во Шведска, слетал во Вроцлав во Полска затоа што на една старица ѝ било лошо.

Потоа, откако го продолжил летот, по извесно време, поради проблеми со едниот мотор, авионот морал да слета во Гдањск. Како што е информирана телевизијата, завладеала паника меѓу патниците. Сепак, летот завршил успешно на аеродромот во Малме, Шведска.

Според еден од патниците, се појавила паника меѓу сите патници во авионот, кој по многу часови конечно стигнал на вистинската дестинација во Малме, Шведска.

                                                                                   Фото: Илустрација

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ