Некои од оштетените згради се во иранската воена база Парчин.
Here’s one of the facilities used for the production of the solid fuel, in Parchin near Tehran
The facility is considered relatively new and advanced. According to some reports, this site was also used by Iran as part of its nuclear program pic.twitter.com/xSsIYtTfR9
— Hamas Atrocities (@HamasAtrocities) October 27, 2024
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) се сомнева дека Иран претходно таму тестирал експлозиви со висока разорна моќ што може да биде активирач за нуклеарно оружје.
Иран долго време тврди дека неговата нуклеарна програма е за мирољубиви цели, иако МААЕ и западните разузнавачки агенции, меѓу другите, велат дека Техеран има активна програма за оружје од 2003 година.
Други штети се забележани во воената база Хоџир, за која аналитичарите веруваат дека крие подземен систем од тунели и локации за производство на ракети.
Иран денеска не ја потврди штетата на воените бази во израелскиот напад, но изјави дека загинале четворица ирански војници кои работеле во системи за противвоздушна одбрана.
Иранската мисија во ОН не одговори веднаш на барањето за коментар за извештајот, тоа не го стори ниту израелската војска.