недела, 20 октомври 2024
Скопјани, а и регионот се шегуваат со елката која ја нарекоа „несреќна“

Арсовска се фали дека за украсувањето потрошила само 30.000, а Шилегов трошел 300.000 евра, тој ѝ порача да си оди

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, тврди дека на скопскиот плоштад има поставено шест елки ѝ го обвини својот претходник Петре Шилегов дека трошел по 300.000 евра. Ексградоначалникот на Скопје Шилего, пак и порача дека треба да си оди и да поднесе оставка. Елката на плоштадот во Скопје деновиве е мета на шеги и потсмев не само на социјалните мрежи, туку и во медиумите надвор од државава кои ја нарекоа „несреќната елка“. 

Објавено на

часот

Сподели

„Сега китењето чини 30.000 евра, порано чинело 300.000 евра. Треба да разбереме една работа, ние славиме Божиќ на 7 јануари, секоја година се кити во исто време. Јас еве им ветувам на граѓаните догодина ќе почнеме од септември да китиме. Меѓутоа, во држава во која се се краде, му се цица крвта на народот, тоа не е тема, се товарат со хидроцентрали и тоа не е тема, туку елката на плоштад. Некој го боли оти утре нема да може да краде. За мене поважно е сите овие ранливи категории на кои им овозможуваме цела година да имаат топол оброк, да има каде да преспијат, купивме две возила кои со години не биле купени со кои се транспортираат лица со физички попречености“, порача Арсовска. 

Шилегов ѝ порача дека нашето Скопје сериозно се наоѓа во процес на целосна девастација.

„Почитувана Арсовска, заминете си !!! Поднесете оставка !!! Доблесно е да си признаете дека сте тотално неспособна и некадарна да го водите градот. А едноставно, Градот, Ви се случи. Непланирано. (Без визија и план што би работеле. Со сите мои и наши (партиски, политички и граѓански) грешки кои придонесоа за тоа). Во мај секако имаме избори во Македонија. Нека се избори и во Скопје. Заради малку достоинство што секој од нас треба да го има. И заради Градот (не толку убав во задње време) во кој што сите живееме. За душегрижниците: немам намера (ниту жал, носталгија за функција. Адвокат сум, но живеам во Скопје и го сакам овој град. И како граѓанин мислам дека овде ништо не е е во ред !!! За надворешните (а богами и внатрешните) душмани: функцијата не го прави човекот. Напротив !!! Човекот ја прави функцијата“, порачува Шилегов.

И додека помеѓу граѓаните сè уште не стивнаа реакциите за новогодишната елка која пред неколку дена беше поставена на плоштадот „Македонија“ во Скопје, стасаа нови реакции за новата елка која од вчера е поставена на плоштадот, на неколку метри оддалеченост од првата.

                                                                                                                                    Фото: 360 степени

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ