недела, 20 октомври 2024

Арсовска крие кој ја украси „несреќната елка“, обвинителството чека Финансиската полиција да провери каде завршиле 30.000 евра

Градоначалничката Данела Арсовска на интернет подкаст рече дека за украсувањето на Скопје од 30.000 евра имало јавен повик, па го обвини поранешниот градоначалник Петре Шилегов дека трошел 300.000 евра за украсувањето. Но, ниту таа ниту службите во Град Скопје на медиумите не им кажуваат каде е објавен повикот, кога е објавен и која е фирмата која е избраната. Од обвинителството денес одговорија дека Управата за финансиска полиција е надлежна да ги испита наводите за тоа каде завршиле парите од градската каса. Доколку не го стори тоа, тие ќе оформат предмет и ќе ги извршат проверките.

Објавено на

часот

Сподели

„Со оглед на изнесените наводи во конкретниот случај, Управата за финансиска полиција како орган надлежен за откривање на евентуални кривични дела и контрола на финансиските текови има надлежност да ги испита сите околности и да достави соодветно известување или пријава. Доколку Финансиската полиција не постапи, обвинителството ќе оформи предмет и ќе нареди да се извршат сите проверки“, одговорија од обвинителството.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, тврди дека на скопскиот плоштад има поставено шест елки ѝ го обвини својот претходник Петре Шилегов дека трошел по 300.000 евра. 

Ексградоначалникот на Скопје Шилего, пак и порача дека треба да си оди и да поднесе оставка. Елката на плоштадот во Скопје деновиве е мета на шеги и потсмев не само на социјалните мрежи, туку и во медиумите надвор од државава кои ја нарекоа „несреќната елка“. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ