сабота, 26 октомври 2024

Апелациониот суд му дозволи на Брејвик повторно да ја тужи државата Норвешка

Апелациониот суд во Норвешка му дозволи на Андерс Брејвик, кој беше осуден на 21 година затвор за убиство на 77 лица во два одвоени напади во 2011 година, повторно да ја тужи државата поради наводно прекршување на неговите права за време на отслужувањето на затворската казна, објави весникот Афтенпостен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Окружниот суд во Осло ја отфрли тужбата на Брејвик во февруари, а Апелациониот суд сега го врати неговиот случај на понизок суд на повторно разгледување.

Засега не се знае кога ќе се одржи ново судење за тужбата на Брејвик.

Во јануари, 45-годишниот Брејвик ја тужеше државата Норвешка за наводно кршење на неговите човекови права затоа што во затворот се наоѓа во изолација и затоа што му е ограничена кореспонденцијата.

Неговите адвокати тврдеа дека Норвешка ја прекршува Европската конвенција за човекови права.

Во 2011 година, Брејвик најпрво активираше автомобил-бомба во близина на кабинетот на премиерот во Осло, при што загинаа осум лица, а потоа со автомобил отиде на островот Утоја каде уби 69 луѓе во младинскиот камп на Лабуристичката партија.

Тој беше прогласен за виновен за тероризам во 2012 година и осуден на максимална казна во Норвешка – 21 година затвор, која може да биде продолжена на неодредено време.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ