вторник, 22 октомври 2024

Апасиев реизбран за претседател на Левица

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението на партијата се вели:

„Делегатите на Пленумот ги усвоија статутарните одлуки, а на оваа сесија на Централниот комитет беше реизбран досегашниот состав на Президиумот.

Президиумот на Левица, едногласно го реизбра проф. д-р Димитар Апасиев, за старо-нов претседател на партијата, кој ја назначи Јована Мојсоска за генерален секретар на Левица“.

 ј

,Ние не сме pартија која ги претставува сите, ние сме партија која ја претставува работничката класа и непривилегираните! Оттука, наше е да го повикаме духот на антиестаблишментот да излезе од шишето и да заигра во дворот на богаташите и транзициските профитери. Дојдено е времето за наплата – да ги пребориме зулумите, да ги израмниме есапите!”, рече меѓу другото Апасиев.

На Пленумот се обрати и една од најистакнатите левичари на денешницата, европратеничката од Република Ирска, Клер Дејли.

д

„За влез во ЕУ, се бара од вас ‘компромис’, да се откажете од вашата историја, вашиот идентитет, дури и името на вашата земја! Побогу, колку ниско може да одат!“, рече Дејли.

,Левица на Балканот е светла точка која треба сите да ја следиме. Ние треба да се вратиме во Србија со сета инспирација која ја добивме денес и со заклучоците од вашето искуство да градиме Левица и во Србија”, рече  Марко Шовиќ од Новата комунистичка партија на Југославија.

На странските гости, како и на амбасадорите на Народна Република Кина и Руската Федерација, претседателот на Левица, Апасиев, им врача статуетки како симбол на пријателство и благодарност за присуство на Пленумот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ