петок, 18 октомври 2024

Анонимен блицкриг: хактивисти им објавија војна на неонацистите

Објавено на

часот

Сподели

Една изјава, која наводно е објавена од групата „Анонимни“, го најавува почетокот на, како што ја нарекуваат, операцијата Блицкриг, чија цел е идентификувањето на „сите сајтови каде што се собираат нацистите“.
Кампањата почна да објавува листа на nazi-leaks.net со имиња и лични податоци, вклучувајќи имејл-адреси и телефонски броеви на сите оние што групата „Анонимни“ ги сметаше за поврзани со Националната демократска партија (НПД), екстремно десна политичка партија во Германија.
Како дел од операцијата на Интернет се објавени имејл-адресите на членовите на НПД и шопинг-листи од десничарски интернет-продавници. На „црната листа“, која содржи стотици имиња, се ставени и соработници на весникот „Јунге фрајхајт“ (Момчешка слобода).
НПД наводно планира да преземе правни мерки против новиот сајт.
„Анонимни“ се познати по неколку политички мотивирани напади на Интернет. Меѓу многубројните нивни хакерски напади е и нападот од 2010 врз Мастеркард, Виза и Пејпал откако тие одбија да работат со Викиликс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ