петок, 19 јули 2024

Анѓушев прв во Македонија ќе го складира вишокот електрична енергија од обновливи извори

Објавено на

часот

Сподели

Во моментот фирмата гради нова фотоволтаична електрана од 6,5MW (мегавати), и во неа ќе бидат инсталирани батерии како пилот-проект во државата.  

Батериите моментално се единствениот начин за складирање на вишокот електрична енергија од обновливи извори, пред се од сончеви (фотонапонски) електрани. Складирањето на вишоците ќе го спречи тоа што сега се случува – има преголемо производство на електрична енергија која не може да се потроши во моментот кога се произведува. Батериите ќе овозможат струјата која преку ден е вишок, да може да се користи тогаш кога ќе биде потребна. 

Инаку, компаниите на Анѓушев, кои меѓу другото поседуваат хидроелектрани, фотонапонски и био гасни електрани, лани остварија раст на приходите од 135%. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ