сабота, 2 ноември 2024

Ангелов апелира на итна евакуација на граѓаните кои се наоѓаат во селата зафатени од пожарите (ВИДЕО)

Ветерот што дува силно прави проблеми во воспотавување на контрола врз пожарите, па затоа апелирам до сите граѓани кои живеат во близина на пожарите, но и оние кои ќе чујат дека во нивна близина има пожар веднаш да се евакуираат и да не чекаат огнот да дојде до селото, изјави попладнево директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој кажа дека денеска повторно е активиран ЕУ механизмот и побарана е странска помош од воздухоплови. Критично е во село Стројменци, светиниколско каде пет луѓе се заробени во куќа во селото.

Објавено на

часот

Сподели

Ангелов информираше дека до денеска попладне низ Македонија се регистрирани повеќе од 30 пожари на отворено од кои 15 се активни.

„Но за жал се појавуваат нови и нови пожари“, изјави Ангелов.

„Најголем е оној што утрово избувна на депонијата во Дојран што ја зафати околната вегетација и се прошири кон блиската населба. Изгорени куќи нема освен две кои се благо зафатени и имаат сосема мали оштетувања“, информира Ангелов.

Тој кажа дека денеска повторно е активиран ЕУ механизмот и побарана е странска помош од воздухоплови.

„Ветерот што дува силно прави проблеми во воспотавување на контрола врз пожарите.  Апел до сите граѓани кои живеат во близина на пожарите, но и оние кои ќе чујат дека во нивна близина има пожар веднаш да се евакуираат и да не чекаат огнот да дојде до селото освен ако не е организирана одбрана на селото од локалните власти. Во моментов пет луѓе се заробени во куќа во село Стројменци, светиниколско. Хеликоптер на МВР е упатен таму за да фрли вода околу куќата за да може да бидат извлечени луѓето. Апелирам и до сопствениците на куќи и викендици да направат таканаречен мек појас кој доколку пожарот се приближи до нивните куќи да не може да го премине тој противпожарен појас“, рече Ангелов.

Друг голем и сериозен пожар е кај Свети Николе кој се движи кон Куманово, а таму пожарот го гаснат три ер трактори. Пожари се регистрирани и во Старо Нагоричане каде постои закана да бидат зафати неколку напуштени села како и во Куманово, Пробиштип и Кочани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ