вторник, 22 октомври 2024

Андоновски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа уставни измени ако нема членство во ЕУ и загарантирани македонски национални интереси

Објавено на

часот

Сподели

„Две лаги се разбиени со денешната лидерска средба. Првата лага е онаа на Артан Груби поддржана од Бојан Маричиќ дека веќе имаат обезбедено две третини во Собранието и дека во ВМРО-ДПМНЕ има некое западно европско крило кое што веќе е подготвено да гласа. Со желба да се има лидерска средба и да се дискутира со претседателот Мицкоски и со фактот дека беше кажано дека од ВМРО-ДПМНЕ зависат уставните измени, првата лага е разбиена дека мнозинство во Собранието нема.

И втората лага која е форсирана од СДСМ е дека ВМРО-ДПМНЕ е антизападна и анти ЕУ партија. И оваа лага е разбиена. Ова е веќе трет пат да се разбие, затоа што ова е трет конструктивен предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе ве потсетам дека имавме предлози и претходно, односно да не се прифаќа преговарачката рамка кога таа не беше ниту потпишана, и вториот предлог беше хрватскиот модел на преамбула на уставот, кој што е европски модел, а не беше прифатен од СДСМ“, рече Андоновски.

Тој потенцираше дека уставни измени измени се можни само доколку Република Македонија пристапи кон Европската Унија и доколку имаме загарантирани и заштитени македонски национални интереси.

„И сега третиот предлог кој ние го даваме, можни се уставни измени само тогаш кога Македонија ќе пристапи кон Европската Унија и кога ние ќе ги имаме гарантирано и заштитено сите македонски национални интереси. Овој став е уште од пред една година, со протестите пред Владата од лани. А тоа е дека во кави услови и вакви околности ние уставни измени не прифаќаме. Значи, ако останат околностите вакви какви што се, ние не прифаќаме“, рече Андоновски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ