петок, 18 октомври 2024

Анџелина Џоли пак трудна?

Објавено на

часот

Сподели

Списанието тврди дека има извор близок до Бранџелина, кој потврдил дека популарната двојка го зголемува своето гнездо од шест деца и дека Анџелина на пријателите им кажува дека едвај чека пак да биде мајка. Изворот рекол, „Таа е веќе во трети месец. Таа не сака ова да го соопшти официјално, но веќе им кажува на одбран круг луѓе. Анџелина ужива во секој момент. Секое утро ѝ се лоши, но вели дека сето тоа вреди.“

Таа претходно има изјавено, „Обожавам кога сум трудна. Се чувствуваш повеќе како жена отколку кога било другпат. Едноставно чувствуваш дека целото твое тело е тука само за твоето бебе.“

Допрва ќе дознаеме дали сево ова е точно или е само измислица на ОК! за да си го крене тиражот, но како и да е, не би било лошо Анџелина да стави некое килце, била трудна или не.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ