сабота, 26 октомври 2024

Американските и британските авиокомпании ги откажуваат летовите за Израел поради тензиите

Три американски и британски авиокомпании во средата ги откажаа летовите за Израел како одговор на ескалацијата на безбедносните тензии додека Тел Авив се подготвува за можна одмазда од либанската група Хезболах по атентатот на еден од клучните воени лидери на групата во Бејрут.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Израелското воено радио објави дека американските „Јунајтед ерлајнс“ и „Делта ерлајнс“ решиле да го направат овој потег по убиството на високиот командант на Хезболах, Фуад Шукр, во вторникот.

Израелскиот дневен весник „Једиот Ахронот“ објави дека „Бритиш ервејс“ објавил прекин на летовите за Израел.

„Јунајтед ерлајнс, кој врши 14 летови неделно до Тел Авив, ги информираше патниците за откажување на летовите во наредните денови“, пишува весникот, додавајќи дека „Делта“ ги откажала летовите во средата и четвртокот од Њујорк.

За „Бритиш ервејс“ не е познато дали летовите биле прекинати на 24 или 48 часа.

Аустриан ерлајнз и германска Луфтханза во понеделникот ги прекинаа летовите до и од аеродромот Бен Гурион во Тел Авив.

Во април, Израел го затвори својот воздушен простор на седум часа поради напад со беспилотни летала и ракети од Иран, што беше одмазда за израелскиот воздушен напад врз амбасадата на Техеран во Дамаск. Во нападот загинаа 16 лица, меѓу кои и висок офицер на иранските сили Кудс.

Тензиите во Израел се зголемија откако Тел Авив го уби 63-годишниот Шукр во воздушен напад врз зграда во јужен Бејрут во вторникот вечерта. Хезболах во средата вечер го потврди убиството на Шукр.

Палестинската група на отпорот Хамас вчера објави дека Тел Авив го убил шефот на политичкото биро на групата Исмаил Ханије во израелски воздушен напад врз неговата резиденција во Техеран.

Стравувањата од сеопшта војна меѓу Израел и Хезболах се зголемија по неколкумесечни прекугранични престрелки.

Ескалацијата доаѓа во заднината на израелските напади врз Газа, во кои загинаа повеќе од 39.400 луѓе од октомври по нападот на Хамас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ