вторник, 26 ноември 2024

Американски војници осомничени за убиство на млад човек во Германија

Објавено на

часот

Сподели

Двајца осомничени мажи беа уапсени и идентификувани како американски воен персонал кои со пријателите биле во посета на локалниот саем, се вели во соопштението.

Полицијата соопшти дека првично идентификувала група од четири лица кои сведоците ги виделе на местото на злосторството, но сепак се фокусирале на двајца осомничени кои биле идентификувани само како американски војници, на возраст од 25 и 26 години, пренесува РТС.

Германската полиција не ги објави нивните имиња и чинови, но се знае дека се членови на американските воздухопловни сили во Европа, но ниту идентитетот на жртвата сè уште не е откриен, иако портпаролот на полицијата во Трир потврдил дека жртвата е германски државјанин.

Двајцата осомничени се предадени на американските власти, соопшти полицијата, која ќе ја преземе истрагата „во согласност со статутот на НАТО“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ