сабота, 19 октомври 2024

Американски професор и албански лобист: За Косово е поважно членството во НАТО отколку во ОН

Американскиот професор Едвард Џозеф, поранешен заменик шеф на мисијата на ОБСЕ на Косово и Метохија и албански лобист, оцени дека за Косово е многу поважно членството во НАТО отколку членството во Обединетите нации, бидејќи, како што истакна, со тоа „играта би завршила“, пренесува Газета експрес.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Џозеф зборуваше на панел на Институтот Перасон во Чикаго, на кој присуствуваше и поранешниот приштински премиер Рамуш Харадинај.

Американскиот професор оцени дека играта завршува кога ќе се обезбеди пат кон членство на Косово во НАТО бидејќи Србија, како што кажа, не може тоа да го спречи.

„Србија не може тоа да го блокира. А можноста Русија и Кина да го блокираат Ксоово во Обединетите нации е всушност бесмислена. Бидејќи членството во НАТО е многу поважно за Косово, како што слушнавте од господинот Харадинај“, кажа Џозеф.

Тој истакна дека само пробивање на патот за членство на Косово во НАТО би го затворило проблемот меѓу Косово и Србија, бидејќи според американскиот професор, „стратегијата на Србија повеќе не би важела“.

Харадинај истакна дека за Косово членството во НАТО е поважно од признавањето на Србија. Додаде дека Курти го оддалечил Косово од ЕУ и САД, и дека од НАТО и Кфор „позајмува безбедност“.

Парламентарното собрание на НАТО неодамна одлучи да го унапреди статусот на Косово од набљудувач во придружен член на западниот воен пакт. Таа програма се нарекува и „чекалница за членство“.

Амбасадорот на САД во Приштина Џефри Ховениер на почетокот на годината порача дека Вашингтон „ќе направи сè што може“ за таканаречено Косово да стане член на НАТО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ